Руските сили синоќа извршија големи ракетни напади врз Киев и Харков, соопштија украинските власти.
Во нападот врз Харков загинаа четири лица, а шестмина се повредени.
Според локалните власти тоа бил најголем руски напад годинава врз Харков, 30 километри од границата со Русија.
Додека нема информации за повредени и загинати во Киев.