Ракометарите на Бурел ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната во суперлигашката конкуренција.
Тренерот Горан Кузманоски ја изврши првата прозивка на која беа присутни и двете нови засилувања, левиот бек Христијан Ѓурмешевиќ и кружниот напаѓач Матеј Марковски.
Бутел Скопје во пролетниот дел од сезоната нема да смета на триото Филип Николов, Рио Козакаи и Давид Гришикашвили.
Подготовките целосно ќе се одвиваат во Скопје, а до стартот на официјалните натпревари ќе бидат одиграни четири пријателски средби. Составот кој е еден од најмладите во лигата, е на чекор до пласман во разигрувањето за титулата во македонската Суперлига.