Македонија

РАДУВАЈТЕ МУ СЕ НА СНЕГОТ САМО ДЕНЕС: Од утре сонце, но и рекордно ниски температури – нема да биде ниту -10, ни -15, туку уште постудено!

РАДУВАЈТЕ МУ СЕ НА СНЕГОТ САМО ДЕНЕС: Од утре сонце, но и рекордно ниски температури – нема да биде ниту -10, ни -15, туку уште постудено!

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и постудено, претпладне со локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во понеделник времето ќе биде утрото студено, преку денот претежно сончево и тивко.

Во вторник времето ќе биде утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во среда времето ќе биде утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Најнови вести од Македонија

To top