Македонија

Во Скопје ќе се одбележат 25 години од интернет-енциклопедијата „Википедија“

На 15 јануари најголемата семрежна енциклопедија „Википедија“ ќе одбележи 25 години функционирање и едуцирање на светската популација на 342 активни јазични верзии, меѓу кои и „Википедија на македонски јазик“. Овој јубилеј ќе се одбележи и во Скопје во организација на Фондацијата „Викимедија МКД“, македонска заедница за „Википедија“.

– По повод јубилејниот роденден, на 15 јануари 2026 година, со почеток од 19 часот, во „Јавна соба“ во Скопје, македонската заедница и здружението „Викимедија МКД“, која го развива и одржува македонското издание на енциклопедијата, ќе го одбележи овој значаен настан за енциклопедијата. На присутните ќе се обратат Кирил Симеоноски, Тони Ристовски, Николче Стојаноски, Ана Вишинова, Ирена Стерјовска, Валентина Трајковска и Филип Белчев, а потоа ќе следува заедничка забава и дружење – информира Бојан Велковски, менаџер за комуникации на „Викимедија МКД“.

Преку размена на искуства и осврти македонската заедница ќе ја долови енциклопедијата на јавноста од друга гледна точна, но и ќе се стави акцент на значајноста на оваа енциклопедија во современото информатичко и образовно општество.

„Википедија“ е основана нa 15 јануари 2001 година во САД од страна на Џими Велс и Лери Сангер. Првичната верзија на „Википедија“ била само на англиски јазик, но популарноста и заинтересираноста кон енциклопедијата резултирала со создавање голем број последователни јазични верзии.

– Македонската верзија на „Википедија“ е основана во септември 2003 година од млади волонтери, кои имале желба да го донесат бесплатното знаење поблиску до македонската читателска публика. Од првичните скромни стотина статии, денес македонската верзија на „Википедија“ прераснува во една од подобро етаблираните на овие простори со 157.956 статии на македонски јазик и заедница од 340 активни корисници – изјави за МИА, Бојан Велковски, менаџер за комуникации на „Викимедија МКД“.

„Википедија“ како бесплатна енциклопедија достапна за сите за главен двигател ја има желбата за создавање бесплатно знаење достапно за сите. Самата енциклопедија е раководена од Фондацијата „Викимедија“, со седиште во Сан Франциско.

Најнови вести од Македонија

To top