Република активни мерки за социјална заштита

Општина Куманово објави повик за субвенции за кирија за ранливи категории граѓани

Право на оваа финансиска поддршка имаат корисниците на гарантирана минимална помош (ГМП), материјално и станбено необезбедени, корисници на социјална сигурност за стари лица, жртви на семејно насилство, известуваат од Секторот.

Општина Куманово објави повик за субвенции за кирија за ранливи категории граѓани

Општина Куманово и годинава продолжува со активни мерки за социјална заштита, преку субвенционирање на трошоците за кирија за најранливите категории граѓани, информираа денеска од Секторот за социјална заштита. Мерката, како што нагласуваат, се спроведува согласно одлуката за обезбедување на помош за домување за 2026 година.

– Право на оваа финансиска поддршка имаат корисниците на гарантирана минимална помош (ГМП), материјално и станбено необезбедени, корисници на социјална сигурност за стари лица, жртви на семејно насилство, известуваат од Секторот.

За корисниците на гарантирана минимална помош кои живеат под кирија, потребно е да достават, фотокопија од лична карта, решение од ЈУМЦСР Куманово со кое се потврдува статусот ГМП, договор за наем на стан или куќа, активна трансакциска сметка, телефонски број за контакт. Слична документација се бара и од корисниците на социјална сигурност за стари лица, при што задолжително е приложување на потврда или решение од Центарот за социјални работи за користење на ова право. За жртвите на семејно насилство, освен основната документација, неопходно е и потврда од ЈУМЦСР, записник од МВР за пријава, или решение од суд за изречена привремена мерка.

Барањата можат да се подигнат на портирницата во зградата на поранешен АД „Козјак“, спроти градскиот стадион, во Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита. Поднесувањето на комплетираните барања со потребната документација се врши во архивата на Општина Куманово, во периодот од 12 јануари до 12 февруари 2026 година.

Најнови вести од Република

To top