Македонија

Мицкоски традиционално со верниците во црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров

Мицкоски традиционално со верниците во црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук објавува дека денеска бил во црквата на Светите Апостоли Петар и Павле во Ѓорче Петров, Скопје.

„Денес се празнува големиот Св. Јован Крстител, чие име го носи и мојот поголем син. Традиционално со верниот народ бев во црквата на Светите Апостоли Петар и Павле во Ѓорче Петров, Скопје.

Честит именден на сите кои го носат и празнуваат овој голем ден. На сите им посакувам здравје, повеќе надеж, насмевки, крената глава и волја за промени за победа над сите несреќи, сите работи кои како сидро влечат надоле, причинуваат болка и немир.

На мојот син Јован, како родител му посакувам освен добро здравје, многу сила да се бори низ сите препреки и како и до сега, сам да си ја гради среќата и успева во животот“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

To top