Македонија САД

Претседател на ФЕД: Обидите за обвинение се политички мотивирани

Американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати јавно и остро повикуваше на намалување на каматните стапки со цел поттикнување на економијата. Иако Федералните резерви веќе ги намалија стапките во неколку чекори, Трамп смета дека тие мерки не се доволни и често го критикува Пауел, отворајќи и можност за негово разрешување.

Претседател на ФЕД: Обидите за обвинение се политички мотивирани

Претседателот на Управниот одбор на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, ги отфрли, како што рече, политички мотивираните притисоци врз централната банка, по отворањето кривични истраги и најавите за можни обвиненија против него, оценувајќи дека станува збор за обид за влијание врз работата на Федералните резерви.

„Заканата со кривични обвиненија е последица на тоа што Федералните резерви ги одредуваат каматните стапки врз основа на нашата најдобра проценка за јавниот интерес, а не според преференциите на претседателот“, се наведува во соопштението на Пауел.

Тој додаде дека ќе продолжи да ги извршува своите должности „со интегритет и со посветеност на служење на американскиот народ“.

Пауел наведе дека Министерството за правда на САД во петокот доставило судски налози до Федералните резерви и предупредило на можност за поднесување обвинение. Обвинувањата се поврзани со тврдења дека Пауел дал лажни изјави пред Сенатот во врска со повеќегодишната реконструкција на зградите на централната банка.

Тој ги оцени ваквите обвинувања како „изговори“, нагласувајќи дека суштинското прашање е дали Федералните резерви ќе можат и понатаму да ја водат монетарната политика врз основа на факти и економски услови, или таа ќе биде диктирана од политички притисоци и заплашување.

Американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати јавно и остро повикуваше на намалување на каматните стапки со цел поттикнување на економијата. Иако Федералните резерви веќе ги намалија стапките во неколку чекори, Трамп смета дека тие мерки не се доволни и често го критикува Пауел, отворајќи и можност за негово разрешување.

Сè уште не е јасно дали претседателот има законски овластувања да го разреши раководителот на независната централна банка, кој е потврден од Сенатот. Пред неколку недели, Трамп изјави дека би можел да покрене тужба против Пауел поради, како што наведе, „неспособност“.

Најнови вести од Македонија

To top