Останати спортови

Пако Раса најбрз на слаломот во Аделбоден

Пако Раса најбрз на слаломот во Аделбоден

Францускиот скијач Пако Раса победи во слаломската трка од Светскиот куп во швајцарски Аделбоден.

Раса победи по добриот настап во второто возење со вкупен резултат од 1:51,22 минути.

Ова е негова втора победа во кариерата во Светскиот куп, а двете ги постигна оваа сезона во слалом.

Норвежанецот Атл Ли Мекграт го освои второто место, со заостанување од 0,18 секунди. Тој беше втор и по првото возење.

Водечкиот по првото возење, Норвежанецот Хенрик Кристоферсен го освои третото место со заостанување од 0,20 секунди.

Следната станица од караванот на Светскиот куп е Венген, каде што од петок до недела ќе се одржат супер-џи, спуст и слалом.

Во генералниот пласман, Марко Одермат е прв со 955 поени, Пињеро Бротен е втор со 538, а Мекграт е трет со 478.

To top