Македонија Онер Јакуповски нов градоначалник на Маврово Ростуше

Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека денешниот изборен ден од повторените локални избори помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера.

Тој посочи дека граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас.

-Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност. Овие избори покажаа дека инстируциите функционираат и дека демократсите процеси се зацврстуваат, истакна Мицкоски.

Мицкоски прогласи победа за ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и кандидатот на партијата, Онер Јакуповски кој е избран за нов градоначалник.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека јасна е целокупната политичка слика во Македонија.

-Со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во целина. ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 56 општини, СДСМ во шест. Тоа е јасен политички суд на граѓаните. Ова претставува уште еден тежок дебакл за СДСМ и нејзиното актуелно раководство, посочи Мицкоски.

Тој нагласи дека изборните резултати се потврда дека изигрната доверба има последици.

To top