Кошарка

Шредер суспендиран три натпревари поради обид да го удри Лука Дончиќ

Шредер суспендиран три натпревари поради обид да го удри Лука Дончиќ

Демис Шредер суспендиран три натпревари поради обид да го удри Дончиќ

Полејмејкерот на Сакраменто кингс, Денис Шредер, е суспендиран на три натпревари поради обид да го удри бекот на Лејкерс, Лука Дончиќ, по нивниот натпревар, објави ESPN.

Натпреварот се одигра ноќта на 29 декември и заврши со победа на Лос Анџелес лејкерс од 125:101. За време на натпреварот, Шредер и Дончиќ разменија вербални навреди.

Комисијата на НБА утврди дека по натпреварот, играчите се сретнале во салата и Шредер се обидел да го удри Дончиќ.

Дваесет и шестгодишниот Словенец има просек од 33,3 поени, 8,0 скока и 8,8 асистенции во сезоната 2025/26.

Триесет и двегодишниот Германец има 13,0 поени, 3,3 скока и 5,7 асистенции.

To top