Технологија изјава

Маск: За една недела, ќе го објавиме новиот алгоритам на „Икс“

Социјалната мрежа „Икс“ ќе го објави својот нов алгоритам за јавноста за седум дена, вклучувајќи го и програмскиот код што одлучува за препораките за објави и реклами, објави денес сопственикот на компанијата, Елон Маск, на својата платформа.

Маск објасни како ќе се одвива процесот: „Ова ќе се повторува на секои 4 недели, со обемни белешки за програмерите, за да ви помогне да разберете што се променило.“

Иако милијардерот не откри конкретни причини за овој потег, одлуката за отворање на алгоритмот доаѓа во време на зголемени конфликти меѓу компанијата и регулаторните органи околу содржината што им се прикажува на корисниците.

Европските регулатори, особено, го зголемија надзорот врз платформата „Икс“, фокусирајќи се на проблемите со дезинформации, несоодветна модерација на содржината и недостаток на транспарентност.

Во јули минатата година, француските власти побараа од компанијата да го сподели својот алгоритам како дел од истрагата за наводи за пристрасност и манипулација. Потоа „Икс“ одби да го исполни барањето, обвинувајќи ја истрагата дека е политички мотивирана.

To top