Легендарната Линдзи Вон беше најбрза на спустот од Светскиот Куп во Каученци, Австрија и на тој начин ја забележа својата 84 победа во кариерата.
Трката се одржа на малку пократка патека од првично планираната, со резервен старт, а истата Вон ја заврши за 1:06,24. Второто место го освои Норвежанката Кајсе Викоф, која заостануваше 0,37 секунди, додека друга Американка, Жаклин Вилс, беше трета (+0,48).
Ова е втора победа на Вон откако се врати од пензија, а прва во спустот.
Ова беше нејзин шести пласман на подиумот откако се врати, 143. во нејзината кариера и 70. во спустот. Вон има вкупно 45 победи во спуст, што е рекорд во оваа дисциплина