Македонија темели за сигурна иднина

Мицкоски: Проекти за трајна промена-Општина Кичево

Премиерот истакна дека проектот претставува важен чекор кон одржлив развој и унапредување на образовната инфраструктура во Општина Кичево.

Мицкоски: Проекти за трајна промена-Општина Кичево

Премиерот Христијан Мицкоски ги објави проектите за трајна промена на општина Кичево.

-Проектот „Енергетска ефикасност во средните училишта со промена на начинот на греење“ во Општина Кичево има за цел унапредување на енергетската ефикасност и создавање поквалитетни услови за настава во образовните институции,се наведува во објавата.

„Со проектот се предвидува модернизација на системите за греење, со што ќе се постигне значително намалување на потрошувачката на енергија и трошоците за одржување.

Инвестицијата во износ од 19.456.070 денари придонесува кон подобрување на еколошките стандарди, намалување на емисиите на штетни гасови и создавање поздрава и поодржлива средина за учениците и наставниот кадар“, потенцира Мицкоски.

Премиерот истакна дека проектот претставува важен чекор кон одржлив развој и унапредување на образовната инфраструктура во Општина Кичево.

To top