Култура Се испреплетуваат современата сатира и уникатен македонски непокор

Спој на пагански обичаи и христијанската религија: Најавени деталите за овогодишеншниот Вевчански карневал

Вевчанскиот карневал 2026 ќе се одржи на големиот празник Свети Васиј Велики или како што вевчански си го викаат Свети Васиља од 12 до 14 јануари.

Спој на пагански обичаи и христијанската религија: Најавени деталите за овогодишеншниот Вевчански карневал

По повод одржувањето на годинешното издание на „Вевчанскиот карневал 2026“, една од највпечатливите и најстарите културни манифестации во Македонија и регионот, денес, петок, 09 јануари 2026 година се одржа ПРЕСС конференцијата во Ресторан „Пелистер“ – Скопје.

На прес-конференцијата учествуваа градоначалникот на Општина Вевчани, г-дин Спасе Кочоски, официјалниот ПР на „Вевчанскиот карневал“, новинарот и водител Антонио Димитриевски и еден од учесниците од бендот „Пука козметика“, кој е воедно вклучен и во организацијата, Дарко Масларковски.

На ПРЕСС-от беа презентирани деталната програма за деновите на карневалот (12 – 14 јануари 2026), потоа музичките изведувачи – познати естрадни уметници кои ќе ги забавуваат посетителите во две вечери, а беа изнесени и сите информации , детали и поединости за организацијата, безбедноста и очекуваниот број на гости.

Вовед во карневалската вевчанска фешта даде ПР-от Димитриевски, кој зборуваше и за долговечноста на постоењето, значењето на оваа културно-забавна манифестација, маските, традицијата, одвивањето на самиот карневал кој е повеќе од настан, туку е спој на пагански обичаи и христијанската религија, низ кои се испреплетуваат современата сатира и уникатен македонски непокор. Затоа и медиумското присуство и известувањето на јавноста се од исклучително значење за промоција на ова заштитено нематеријално културно наследство, за што тој им се заблагодари на присуството на бројните медиуми и колеги новинари.

Градоначалникот на Вевчани, Кочоски пак, ги поздрави и повика присутните новинари да повелат и дојдат на „Вевчанскиот карневал 2026“, а потоа и тој ја појасни смислата и поентата на самиата манифестација и суштината на василичарските маски, нудејќи како и секогаш топло гостопримство на сите кои ќе бидат тие денови во Вевчани кога самото место се претвора во една голема сцена, а традицијата во слобода на духот и слободно изразување.

При тоа Кочоски нагласи дека целта на карневалските маски и дејанија на василичарите не е само за да се исмеат негативните појави во општеството, иако секако дека и тоа е едно од нештата кои ги гледаме на секое карневалско издание, туку смислата лежи во тоа на еден довитлив и духовит начин, претворен во сенародна опшата забава да се исчистиме од насобраната негативна енергија што ни се насобрала преку целата измината година, па новата да ја започнеме со чист дух и широко срце и отворен ум.
Дарко Масларковски пак ја презентираше деталната програма во двечери која ја сочинуваат музичките рап, поп и фолк изведувачи кои годинава ќе ги забавуваат вевчанци и бројните гости однадвор.

Тој исто така говореше за традицијата и смислата на постоење на „Вевчанскиот карневал“ нагласувајќи дека токму преку маските како што е на пример онаа на Глупи Август, може да се заклучи дека карневалот е многу постар и од она што стои во пронајдените записи. не 1400, туку над 2000 години, кога токму преку оваа маска на пример бил исмеван тогашниот римски император, што укажува за потеклото на потребата уште од дамнина па се до денес, да се исмеваат негативните појави во општеството.
Потоа градоначалникот Кочоски одговараше на новинарските прашања и даваше поединечни изјави за медиумите.

Вевчанскиот карневал 2026 ќе се одржи на големиот празник Свети Васиј Велики или како што вевчански си го викаат  Свети Васиља од 12 до 14 јануари.

To top