Свет што ја прави среќата?

Други „работи“ ја прават: Среќата, не била до работата во Финска…

„Тие се богати, здрави, имаат социјални врски, социјална поддршка и врска со природата“, вели Јан-Емануел Де Неве, професор по економија на Универзитетот во Оксфорд, раководител на Центарот за истражување на благосостојбата и уредник на Извештајот за светска среќа.

Други „работи“ ја прават: Среќата, не била до работата во Финска…

Финците се најсреќен народ ан светот, покажа последното истражување. Истовремено, Финска е земја со највисок процент ан невработеност во ЕУ, покажа друго истражување. реќата, да не ти била до тоа дали си вработен илине, други „работи“ ја правеле истата…

Финска имаше највисока стапка на невработеност во Европската Унија во ноември од 10,6 проценти, додека Шпанија падна на второ место со 10,4 проценти, објави денес Евростат. Разликата меѓу двете земји не е голема, но трендот укажува на предизвици во финската економија, објавува Yle. Шведска е на трето место по невработеност со 9,1 процент.

Финците ниту се најбогати, ниту се најотворени, а, сепак, со години наназад, дури осум пати по ред, според наодите на World Happiness Report, се прогласувани за најсреќната нација.

Северните нации најсреќни

Извештајот, што оваа организација го објави на Меѓународниот ден на среќата на ОН, се базира на анализата на тоа како жителите на над 140 земји го оценуваат квалитетот на својот живот според таканаречената Кантрилова Скала, во која со 10 се оценува некој кој моментално се чувствува дека живее најдобро можно. Според ваквото рангирање Финците се на прво место со просечен резултат од 7,74.

„Тие се богати, здрави, имаат социјални врски, социјална поддршка и врска со природата“, вели Јан-Емануел Де Неве, професор по економија на Универзитетот во Оксфорд, раководител на Центарот за истражување на благосостојбата и уредник на Извештајот за светска среќа.

„Тие не се среќни и радосни по самата своја природа, не се луѓе што танцуваат на улица, но севкупно се многу задоволни од својот живот“, оценува Де Неве.

На врвот на листата, заедно со нив, годинава, како впрочем и во изминатите години, се најдоа нивните соседи Данци, Норвежани, Исланѓани и Швеѓани. На листата 10 најсреќни нации меѓу другите се и Холандија и Луксембург, а како изненадување тука годинава за првпат се вбројуваат и Костарика, и Мексико, како и Израел, земјата која веќе две години води жестока војна во Газа, и има мноштво жртви.

Најнови вести од Свет

To top