Храна и Пијалаци

Домашна крем супа од печурки

Кремасто, ароматично, многу вкусно…

Домашна крем супа од печурки

Состојки:

  • 500 грама мешани печурки
  • 1 црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 морков
  • 200 мл бело вино
  • 250 мл млеко или павлака за готвење
  • масло или путер
  • зеленчук, сол, бибер, магдонос, мајчина душица по вкус

 

Подготовка:

Исчистете ги печурките, и исецкајте ги. Излупете го црвениот кромид и морковот, исецкајте ги ситно и лесно пржете ги во врело масло, додека кромидот не добие златна боја. Додадете го исчистениот и исецкан лук заедно со печурките и пржете на тивок оган, додавајќи вода. Додадете вода во печурките по потреба, прелијте со виното, зачините и гответе на тивок оган, мешајќи додека супата малку не зоврие и печурките не омекнат. Додадете павлака или млеко и гответе додека супата не се згусне. Густината може да се постигне и со додавање малку брашно измешано со вода.

Сервирање
Сервирајте топло, со препечено лепче…

To top