Република доби повеќе награди

Во Вардар кај Уланци крстот го фати Зоран Илиќ

Тој изјави дека е пресреќен што го фати крстот и на сите православни верници им го честита празникот посакувајќи им здравје и среќа.

Во Вардар кај Уланци крстот го фати Зоран Илиќ

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, денеска Општина Градско, во соработка со свештени лица од Повардарската Епархија организира положување на животворниот Крст во водите на реката Вардар од мостот кај село Уланци.

Најсреќниот меѓу кандидатите кои се пријавија и влегоа во осветените води на Вардар беше Зоран Илиќ.Тој изјави дека е пресреќен што го фати крстот и на сите православни верници им го честита празникот посакувајќи им здравје и среќа.

Илиќ заедно со крстот од Повардарската Епархија во наредните 30 дена ќе ги посети домовите на православните верници во населените места во Општина Градско.

Тој од Општината Градско и бројни спонзори доби повеќе награди.

To top