Република Општина Битола

Коњановски: Христос се роди! Честит Божиќ

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски присуствуваше на Божиќната литургија која се одржа во Соборниот храм „Св.Великомаченик Димитриј“ во Битола, заедно и со заменик градоначалничката Марина Крстиќ и советници од Советот.

На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа.

Како што тогаш се радувале пастирите, мудреците и сите луѓе, затоа што се родил Спасителот на светот, така и ние се радуваме секој Бадник и Божиќ, прославувајќи го Христовото раѓање. Тоа е празник на целото христијанско семејство.

За да имаме порадосни празници и поблагопријатни времиња можеме само доколку повеќе го градиме мирот помеѓу нас, единството и слогата, разбирањето и почитувањето, како и достоинството свое и на другите.

Посакувам овие празнични денови да ги поминеме во мир и разбирање, а секој дом да биде исполнет со семејна топлина и благосостојба. Нека ни е среќен големиот христијански празник Божик!

Христос се роди!
Вистина се роди!

Најнови вести од Република

To top