Хроника

Малолетник тешко повреден откако излетал со мотор

Малолетник тешко повреден откако излетал со мотор

На 03.01.2026 во 12:25 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во с.Фурка, дојранско, 15-годишник од с.Фурка, управувајќи мотоцикл „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот удрил во преден дел на патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Љ.И.(25) од с.Фурка.

-Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гевгелија, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

To top