Кошарка

Виктор Вембањама го повреди коленото

Виктор Вембањама го повреди коленото

При еден рутински скок, Вембањама незгодно доскокна, по што неговото лево колено се свитка, а тој со болна гримаса го напушти теренот.

Според информациите на инсајдерот Шамс Шаранија, првичните прегледи носат одредено олеснување.

Како и кај Јокиќ пред неколку дена, станува збор за лесна хиперекстензија на левото колено. Првите тестови покажаа дека нема сериозно оштетување на лигаментите, што е најважната вест за Спарс.

Иако не се врати во игра, Вембањама ги помина последните минути на клупата на својот тим, а по натпреварот беше расположен за изјави:

„Бев многу блиску до тоа да се вратам на теренот, но лекарскиот тим мораше да ме задржи во соблекувалната“, изјави младиот Французин.

To top