Почетокот на 2025 година помина во контекст на засилените глобални геополитички предизвици, како и на регионалните случувања, кои беа обележани со интензивирана динамика. Во март Македонија се соочи со една од најголемите колективни трагедии во поновата историја — трагичниот настан во Кочани, кој длабоко го потресе општеството, остави трајни последици и наметна потреба од преиспитување на општествените вредности и одговорности, посочи генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов, во своето новогодишно обраќање.
-Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – ЛУЃЕТО! Компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија. Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики. Во 2025 одбележавме 50 години од воведувањето на информатичката технологија, која половина век е клучна поддршка во глобалната експанзија на компанијата. Континуирано инвестираме во нови софтвери и нивна интеграција во процесите, а во некои сегменти започнавме и со користење алатки на вештачката интелигенција, истакна тој.
Целото негово обраќање проследете го во продолжение: