Како што пренесуваат медиумите од Саудиска Арабија, славниот португалски тренер ќе го преземе тимот на Ал Шабаб, односно на клупата ќе го замени отпуштениот Игор Бишчан.
Претходно беше објавено дека Мурињо одбил профитабилна понуда од Саудиска Арабија бидејќи се надевал дека ќе го продолжи договорот со Рома.
Наместо продолжување, тој доби предвремен прекин на соработката. Ако им се верува на информациите од Саудиска Арабија што ги пренесуваат светските медиуми, таа потрага е веќе завршена.