Економија

Индустриското производство до ноември поголемо за 1.9 % во однос на минатата година

Индустриското производство до ноември поголемо за 1.9 % во однос на минатата година

Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период лани бележи раст од 1.9 %, соопшти Државниот завод за статситика.

Во ноември годинава, пак, во однос на ноември 2024 година има намалување од 2.8 %.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање од 4.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8.6 %.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 8.5 %, Капитални производи за 2.1 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 18.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.7 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.7 %.

To top