„Како класичен петоколонаш и квислинг Деспотовски продолжи со нападите на СДСМ. Јавноста и членовите гледаат дека ова е продолжение на планот на предавничката коалиција ВМРО-ЗНАМ за напади и уривање на СДСМ“, се јави киднапираната партија, која во очај што половина старо СДС застана јавно против нив, сега лелека и шири мизогонија и хејта се што е против нивниот вистински лидер Заев и неговиот поданик Филипче. Интересно е кога квинслинзите кои го сменија името на државата, ја клекнаа Македонија на колена, крадеа како улави од истата, потпишаа тони пробугарски глупости и донесоа нелогична двојазичност сега го употребуваат зборот КВИСЛИНГ. Она, кога крадецот вика ФАТИ ГО КРАДЕЦОТ! Иако, повеќе и попластично ви одговара споредбата со Коте од Руља.
Внимавајте на урнебесниот наратив:
„И тоа не во било кој момент, туку како петоколона (ви фали едно Ш), токму кога партијата се стабилизираше, напредуваше и доби голема поддршка од јавноста за борбата против криминалот и корупцијата на ВМРО-ЗНАМ и договорите мигранти за пари.“ Да не е тажно, би било смешно соопштение од СТАБИЛИЗИРАНАТА ПАРТИЈА, која сега измисли и некаква си ГОЛЕМА ПОДДРШКА ОД ЈАВНОСТА. Цепки, предизвикани од халуцигените средства на Јон, претпоставува јавноста на соц-мрежите, каде СДС е непресушен извор на подбив.
Продолжуваат со несмален интензитет на инфантилност и хејтање:
„Човек кој во партијата никогаш не бил активен, кој за партијата и за партиските другари практично не постоел.
Кој може да верува дека е добронамерно јавното напаѓање на сопствената партија во моментите на најжестока борба против криминалот и корупцијата?“
Најжестока борба?! Аууу, со два индолентни „преса“ на кои ни портирот на Бихаќка не поверува ли? Со лажни писма од фејк-поштари кои Јон ги напиша, а оној генсекот кому никој не му го знае името ги прочита ли? Со имагинарните мигранти кои ги има само во главата на Венко и Богданка ли? Со црвените линии кои по грешка ги ишмркавте (мислевте дека се бели), па не стигнаа ни до Собрание ли? Со урнебесниот атак врз слободата на говорот кога сите ви велат – ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЛАЖЕТЕ ли?
„Се обидоа да ја дестабилизираат партијата но не успеаја. Разоткриени се целосно.
СДСМ никој нема да ја замолчи ниту да ја запре.
Борбата против криминалот продолжува. Сите ќе одговараат!“
Да, ова им е проблемот. Фројд говори од СДС. Знаат дека во 2026-та со нов државен јавен обвинител, реформиран судски совет и нов кривичен законик ќе нема каде да бегаат, СИТЕ ЌЕ ОДГОВАРААТ. Тоа ќе значи вадење на над 100 предмети од обвинителските фиоки. Да, точно, сите ќе одговараат. Конечно, и СДС да каже вистина. Несакајќи…
На Бихаќка наголемо течеле обуките на Сокол, кој со забрзана програма ги спремал главешините на СДС за Идризово ВИА Шутка, се шегуваат по интернет и дека експертот Јон ги олабавувал со бело и ред други психотропни супстанци. Сениор Фрле, пак, им ги пишувал хејтерските, бљак соопштенија. Венко, за него не било сигурно дека ќе се врати во Македонија. Затоа не кажувале каде лета. Можеби и тој самиот не знае? Заев веќе имал постојана адреса во Дубаи, цел спрат од облакодерот кој го гради. За Филипче имал резервирано станче, на 13-ти спрат…
Врхушката кризира и лиферува очајнички соопштенија со тони омраза и лажни вести во нив, а СДС фронтот против киднаперите се окрупнува и расте. Прво Шилегов, па Геро, па Српче, сега и Деспотовски. Сите екс комуњари. Претходница беа Куновска, Георгиев, Шема, Ивор. Вистинските социјалдемократи се подготвуваат за детронизирање на октроираниот Филипче и неговата банда со подизведувачите Фани, Чупеска, Јон, Тренчевска, Димитријевиќ. Кој од кој помаргиналец и понеесдесовец, Заево чедо башка. Ама, ВМРО и ЗНАМ ги „бутале“?!?! Вистински комплимент за власта, иако е дел од лажните вести со кои оваа врхушка оди во историја. дел и во ќорка за криминалот од периодот 2017-2024 година.
Ете, како крајот мириса..
Сето ова следува откако Деспотовски, човек кој 30 години е во СДС (за разлика од прелетачот Филипче, Фани НВО, Чупеска и остала банда) им го „плесна во фаца“ на Филипче, Заев и октроираната врхушка:
Ова што сега му се случува на СДСM, е срам кој што му го нанесуваат поединци, кои се тие аргументи и кои се тие докази за мојата соработка со нашиот политички опонент? Мислам дека е навистина небулозно, и секако нема да го оставам тоа така затоа што нема да дозволам овој срам да и се случува на мојата матична партија. Ова не е СДСM, ова не е мојата партија, ова не е нашата партија, ова е атак од поединци којшто во моментот управуваат со партијата, рече Јован Деспотовски член на СДСM на гостување на телевизија Сител во Тема на денот.
Деспотовски истакна дека СДСM на ваков начин не може да се обедини и тоа поради внатрепартиските недоразбирања и потенцираше дека и после година ипол работите во партијата се уште не се средени.
-Наместо да отвориме фронт, политички фолклор кон власта, ние ни копаме ров меѓу себе, значи ние не обединуваме. Јас ќе почекам да ги видам доказите, доколку не ги видам тие докази во тој случај јас ќе побарам одговорност за јавно изразен збор, за валкање на мојот образ, и нанесување срам на мојата партија. Сакаме да зборуваме за се што се случува околу нас, а работите дома не си ги средуваме, упорно после година и пол ние не можеме да кажеме дека нашиот дом е среден, реакциите на јавноста се такви, реакциите на нашите партиски членови се такви, рече Деспотовски.
П.С.
Среќна НОВА 2026-та, која СДС врхушката поради криминалниот прогон кој следува ќе ја претстави како СРЕЌНА НОВА ’49-та, очекувајте многу глуматарење за фиктивен „политички“ прогон.
За сите останати без лепливи рачиња и со убава мисла, ова ќе биде ВИСТИНСКИ СРЕЌНА И УБАВА 2026-та година, со мнооооогу убавини и успеси.
МАКЕДОНИЈА да ни е ВЕЧНА!