Храна и Пијалаци рецепт

Ролат од мелено месо со јајца

Овој ролат од мелено месо е класично и заситно јадење, идеално за семеен ручек или свечена трпеза.

Ролат од мелено месо со јајца

Овој ролат од мелено месо е класично и заситно јадење, идеално за семеен ручек или свечена трпеза. Со едноставни состојки и богата внатрешност од варени јајца, добивате вкусен и декоративен оброк што одлично се комбинира со разни прилози.

Состојки:

250 грама мелено месо
1 мала главица кромид
2–3 чешниња лук
црвена пипер (по вкус)
зачинал (по вкус)
Црн бибер (по вкус)
2 јајца
4 лажици презла
3 варени јајца
1 јајце
1 лажица кисела павлака

Подготовка:
Кромидот и лукот ситно исечкајте ги. Додајте ги во меленото месо заедно со 2 јајца и добро измешајте. Потоа зачинете соцрвена пипер, зачинал и црн бибер, па додајте ја презлата. Смесата убаво соединете ја додека не стане компактна и хомогена.
(По желба, сè може да се подготви во сецко за порамномерна текстура.) Доколку смесата е премногу мека, додајте уште малку презла и повторно измешајте. Варените јајца излупете ги. Месната смеса развлечете ја во правоаголна форма врз хартија за печење.
Во посебен сад изматете 1 јајце со киселата павлака. Со половина од оваа смеса премачкајте ја површината на месото. Варените јајца наредете ги по средината или по едниот раб од месото. Со помош на хартијата внимателно свиткајте во ролат, затворајќи го добро од сите страни за да не се отвори при печењето. Целиот ролат премачкајте го со остатокот од смесата од јајце и павлака. Печете во претходно загреана рерна на 180 °C, додека ролатот не добие убава златна боја и целосно се испече. Ролатот е одличен во комбинација со компири, ориз, грашок или сезонска салата. Може да се послужи и топол и ладен, исечен на убави парчиња.

To top