Основниот буџет за Општина Битола за 2026 година ќе изнесува 784.327.579,00 денари. На овој износ се додаваат и средствата од пренесениот вишок на приходи (во износ од 138.605.607,00 денари) и средствата кои општината ќе ги добие како приходи од ДДВ за 2025година (176.737.659,00 денари).
Дополнително се планираат средствата кои општина Битола треба да ги добие по основ на склучени договори со Министерство за транспорт, Министерство за образование и наука и Министерство за спорт во вкупен износ од 537.745.719,00. Висината на основниот Буџет на Општина Битола за 2026 година ќе изнесува 1.650.166.707,00 денари. Заедно со приходите од самофинансирачки активности, дотации, донации, вкупниот буџет на Општината Битола ќе изнесува 3.107.580.972,00денари.
Претседателот на Советот, Бојан Бојкоски рече дека станува збор за Буџет што значи развој, еднаквост и иднина за сите граѓани во градот и во сите населени места.
„Програмата за развојни планови изнесува 12,8 милиони евра. За спорт 92.835.000 денари инвестиција во младите, здравјето и шампионскиот дух, за економски развој 40.073.171 денари поддршка за нови идеи, бизниси и работни места, уредување на градежно земјиште 44.846.000 денари уредени простори и планиран раст, комунални инсталации 37.925.042 денари подобра инфраструктура и квалитет на живеење, социјална заштита 14.610.000 денари грижа за оние на кои им е најпотребна. Ова не е само буџет во бројки ова е развоен буџет за сите граѓани, за секое населено место, за посилна и поубава Битола“ вели Бојкоски.
Усвоениот Буџет за 2026 година е буџет кој носи јасна развојна визија и конкретни решенија за подобар квалитет на живот на сите граѓани, вели градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
„Овој буџет е резултат на сериозна работа, одговорен пристап и внимателно планирање, со фокус на инфраструктурата, образованието, социјалната заштита, спортот, културата и поддршката на младите. Тој е насочен кон рамномерен развој на сите делови на општината и создавање услови за одржлив економски напредок. Упатувам искрена благодарност до сите советници кои дадоа поддршка на овој развоен буџет. Заедничката работа и одговорноста кон граѓаните покажаа дека кога интересот на Битола е на прво место, можни се резултати. Остануваме посветени на транспарентна реализација на планираните проекти и отчетност пред јавноста. Пред нас е година на работа, реализација и конкретни дела. Битола продолжува да се развива“ вели градоначалникот Коњановски.