Свет мировен договор

Макрон најави нов состанок на „Коалицијата на подготвените“

Ги собираме земјите од „Коалицијата на подготвените“ во Париз на почетокот на јануари за да го финализираме конкретниот придонес на секоја од нив, напиша Макрон

Макрон најави нов состанок на „Коалицијата на подготвените“

Францускиот претседател Емануел Макрон најави состанок на сојузниците на Киев во Париз на почетокот на јануари, посветен на безбедносните гаранции за Украина во рамките на мировниот договор со Русија.

– Ги собираме земјите од „Коалицијата на подготвените“ во Париз на почетокот на јануари за да го финализираме конкретниот придонес на секоја од нив, напиша Макрон на X.

Тој претходно разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со други европски лидери.

– Напредуваме во поглед на безбедносните гаранции кои ќе бидат клучни за изградба на праведен и траен мир, изјави францускиот лидер.

Објавата доаѓа откако Зеленски и Трамп вчера разговараа во резиденцијата на американскиот претседател на Флорида. Трамп изрази оптимизам, иако беше малку нејасен во поглед на брзото решение на конфликтот кој трае од февруари 2022 година.

To top