По првпат по американско-британскиот одговор на нападите на Хутите, лидерот на јеменските бунтовници Абдул Малик ел Хути реагираше и нагласи дека ќе продолжат нападите врз бродовите околу теснецот Баб ел Мандеб, како и дека одговорите на САД и нивните сојузници нема да ги исплашат.
– Ќе продолжиме да ги гаѓаме бродовите што имаат каква било врска со Израел. Тоа ги вклучува и американските и британските бродови, потенцираше Ел Хути.