Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа официјално ќе игра на првиот Грен Слем турнир во новата сезона, Австралијан Опен.
По кратко отстуво од турнирот, Ѓорческа повторно се пријави да биде дел од квалификациите.
Тетовчанката е дел од пријавната листа, а го очекува ждребот за престижниот настан каде конкуренцијата е огромна. Желба е да се минат квалификациите и да се дојде до главната фаза.
Ѓорческа досега настапи на сите турнири во Грен Слем квалификациите, а најдобриот резултат го имаше во 2017 година баш во Мелбурн, каде дојде до третото квалификациско коло, откако ги мина Американката Сахија Викери, а потоа и Унгарката Далма Гаифи. Пред главниот ждреб, таа испадна од Стефани Вогел од Швајцарија.