Македонија поранешен претседател на Советот на Општина Центар

Шиповиќ: Партијата ни ја украдоа – банда криминалци

Тој изрази незадоволство од однесувањето на дел од раководството, кое според него, наместо чесна работа и визија, се фокусирало на лични интереси и позиции.

Шиповиќ: Партијата ни ја украдоа – банда криминалци

Мирослав Шиповиќ, член на СДСМ и поранешен претседател на Советот на Општина Центар во 2013 година во периодот кога Андреј Жерновски бил градоначалник, јавно реагираше на состојбите во сениорскиот дел на Извршниот одбор на партијата.

Во својот статус тој изрази незадоволство од однесувањето на дел од раководството, кое според него, наместо чесна работа и визија, се фокусирало на лични интереси и позиции.

„Длабоко потресен и емотивно вознемирен од сениорскиот дел на ИО партија. Се мој до мојега, загубар до загубар. Еден нема што чесно работел за партијата и има чесни намери. А ги има барем пола што се омрсиле кога биле на власт. Само ги интересира да се први на листа на следните парламентарни, јер еден влегува сигурно. Најголем бранител онаа несреќа од бивш …… претседател, и после Српче ја продал, абе овие ја УКРАДОА од нас партијата – банда криминалци“, објави Шиповиќ.

Dlaboko potresen i emotivno voznemiren od seniorskiot del na IO partija. Se moj do mojega, zagubar do zagubar. Eden nema…

Posted by Miroslav Sipovik on Четврток, 25 декември 2025

To top