Свет

Папата Лав XIV ја служеше својата прва миса во црквата Свети Петар

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV ја служеше својата прва полноќна божиќна миса во базиликата Свети Петар, при тоа ги потсети верниците на нивната должност да им помогнат на сиромашните и на странците.

Тој во проповедта наведе дека Исус, кој е роден во штала, бидејќи немало место во гостилницата, им покажува на следбениците дека одбивањето да им се помогне на оние на кои им е потребна помош е еквивалентно на одбивање на самиот Бог.

– Нема место за Бог на Земјата ако нема место за човечкото суштество. Таму каде што нема место за човековото битие нема место за Бог. Отфрлањето на едниот значи отфрлање на другиот, истакна Лав XIV за време на мисата, на која присуствуваа околу 6.000 верници во црквата Свети Петар, а на истоимениот плоштад службата ја следеа околу 5.000 верници и покрај поројниот дожд.

Папата Лав пред мисата ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар.

– Ви се воодушевувам и Ве почитувам, Ви се заблагодарувам за храброста и желбата вечерва да бидете овде дури и на вакво време, посочи Лав XIV.

Тој е прв папа кој доаѓа од САД, а ова е негов прв Божик, откако во мај беше извран за наследник на покојниот папа Франциск.

Денеска на Божик по Грегоријанскиот календар, папата ќе служи миса и ќе ја упати традиционалната божиќна порака „Порака до градот и светот“ (Urbi et Orbi).

To top