На денешната Новогодишна свеченост во големата сала на Општина Велес беа прогласени најдобрите работници и хуманисти за 2025 година. Добитници на наградата за континуиран придонес во развојот на крводарителството и хуманоста ја доби Ѕвонко Карталов со 117 дарувања крв, за професионален пожарникар – Нихад Бајровиќ во ТППЕ Велес, за најуспешен комунален работник Зоран Силјановски и најуспешен униформиран полициски службеник Игорчо Петровски.
Свечената академија ја отвори Елизабета Митревска Ангелеска заменик градоначалничката на Општина Велес, која упати честитка за 2026 година, со пораки за здравје, бидејќи како што рече, тоа е клучно за остварување на сите идни цели.
За несебичноста и особената хуманост, Општина Велес ги истакна хуманистите и волонтерите од Општинската организација на Црвениот крст – Велес, д-р Лилија Чолакова Дервишова и д-р Гоце Бузалков и новинарот Петар Печков.
Општина Велес ги награди и најталентираните ученици и студенти. Стипендии за учебната 2025/2026 година добија средношколците Миа Несторова, Панче Крстев, Марија Бошевска, Ангела Јошевска, Андреј Божиновски, Андреј Бошковски, Матеј Ѓорѓиев, Љупче Неделковски, Тамара Камишова, Кристијан Мартинов, Драган Ставрев, Давид Николов, Дарко Жабев, Ива Андоновска, Димитар Кузманов, Марко Варналиев, Зорица Димовска, Сара Арсеновска, Марија Ивановска, Бојана Мицевска, Рада Наумовска, Стефан Димовски, Ангел Димов, Борјан Бузалковски, Памела Миланова, Изабела Анѓелкова, Бодан Марковски, Андреј Цилаков, Викторија Панзова, Симона Ѓурова, Стефан Поповски и Сергеј Нацев, како и студентите Тамара Коцевска, Стојан Стојанов, Кристина Ивановска и Филип Петров.
Воедно, беа наградени и пожарникарите кои 20 години работат во ТППЕ Велес и секојдневно на дело ја искажуваат хуманоста на дело. Традиционални признанија добија и општински работници за 10, 20 и 25 години работа. Свеченоста беше збогатена со концерт во изведба на „Тринити стрингс“.