Република Општина Битола

Седница на регионалната стопанска комора

Градоначалникот со своето присуство имаше можност да ги слушне предлозите и проектите кон побрз економски раст и развој на Пелагонија и
Преспа за 2026 година.

Седница на регионалната стопанска комора

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска присуствуваше на 21-та свечена предновогодишна средба на Управниот одбор на
Регионалната стопанска комора со седиште во Битола.

На дневен ред беше работата на Регионалната комора во 2025 година, како и предлог програмата за активностите во 2026 година.

Градоначалникот со своето присуство имаше можност да ги слушне предлозите и проектите кон побрз економски раст и развој на Пелагонија и
Преспа за 2026 година.

Уште еднаш беше истакната важноста на долгогодишната соработка на Општина Битола со Регионалната стопанска комора, со цел побрз економски
развој на регионот.

To top