Скопје Општина Ѓорче Петров

Буџет 2026: Фокус на развој, капитални инвестиции и грижа за граѓаните

Општината го усвои Буџетот за 2026 година, кој претставува реален, одговорен и развоен финансиски план, насочен кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзување на локалниот развој.

Буџет 2026: Фокус на развој, капитални инвестиции и грижа за граѓаните

Општината го усвои Буџетот за 2026 година, кој претставува реален, одговорен и развоен финансиски план, насочен кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзување на локалниот развој.

Вкупниот буџет за 2026 година изнесува приближно 1,45 милијарди денари, при што речиси 60% се наменети за капитални расходи – јасен показател за определбата средствата да се вложуваат во трајни и видливи проекти.

За капитални инвестиции се издвоени над 596 милиони денари, кои ќе бидат насочени кон:

  • реконструкција и изградба на локални улици и инфраструктура,
  • изградба и унапредување на детски градинки,
  • значајни инвестиции во образованието,
  • подобрување на јавната инфраструктура и осветлување,
  • развој на спортот и рекреацијата.

Образованието останува еден од клучните приоритети, со значителни капитални и тековни вложувања во училишната инфраструктура, подобри услови за учениците и поддршка на наставниот кадар.

Буџетот предвидува и зголемена поддршка за граѓаните преку субвенции, социјални мерки и трансфери, како и средства за поттикнување на локалниот економски развој.

Буџетот за 2026 година е балансиран и одржлив, изработен со строга финансиска дисциплина и јасна визија за развој на општината. Секој денар е планиран со цел да донесе конкретен резултат и долгорочна корист за заедницата.

Општината останува посветена на транспарентно управување, отчетност и континуирана работа во интерес на граѓаните.

To top