Република Општина Битола

Јавна презентација на новиот ДУП за новиот реонски центар во Нова Битола

Денес во салата на Советот на Општина Битола се одржа јавна презентација на Деталниот урбанистички план за новиот реонски центар во Нова Битола.

Граѓаните имаа можност одблиску да се запознаат со предлог-планот и активно да се вклучат со свои идеи, предлози и забелешки.

Овој план претставува визија за модерен, функционален и хуман простор кој носи иднина за Нова Битола преку изградба на нов спортски комплекс, градинка, старски дом, плоштад и јавни содржини.

Јавната анкета ќе трае до 16 јануари 2026 година. Заинтресираните можат повеќе информации да добијат на интернет страницата на Општина Битола.

To top