Хроника

Возач фатен со 2,44 промили алкохол во крвта

Возач фатен со 2,44 промили алкохол во крвта

На 23.12.2025 во 09:00 часот на ул.„Рудничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода П.М.(42) од кичевското село Лазоровци.

-При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „алфа“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,44 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, информира МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

To top