Скопје

Без вода делови од општините Центар и Гази Баба

Без вода делови од општините Центар и Гази Баба

Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот до завршување на работите ќе имаат корисниците од улицата „13 Ноември“ во општината Центар и корисниците на дел од населбата Сингелиќ во општина Гази Баба, а од 10 часот и дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ (потегот од „Ленинова“ до „Орце Николов“) во општината Центар.

Од ЈП Водовод и канализација соопштија дека причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на вентил на Кеј 13 ноември б.б – објект на Комерцијална банка во општината Центар, изведување водоводен приклучок на ф-80мм на ул. „Пиринска“ 49 во општина Центар и реконструкција на водоводна мрежа ф-250 мм на ул. „Методија Андонов Ченто“ (кај Макпетрол) во Сингелиќ.

Теми на денот

To top