Останати спортови

Линдзи Вон со 41 година ќе оди на петта Олимпијада!

Линдзи Вон со 41 година ќе оди на петта Олимпијада!

Легендарната американска скијачка ги потврди плановите за ЗОИ 2026: „Не гарантирам медали, но гарантирам дека ќе го оставам срцето на патеката“.

Линдзи Вон не престанува да ја шокира спортската јавност. Иако веќе е во петтата деценија од животот, една од најголемите на сите времиња „гази“ во Светскиот куп и официјално потврди дека ќе ја предводи селекцијата на САД на претстојните Зимски олимписки игри во Кортина и Милано 2026.

И покрај тоа што ќе биде една од највозрасните натпреварувачки во историјата на Игрите, резултатите од оваа сезона покажуваат дека таа е сериозен конкурент во спуст и супервелеслалом.

To top