Големото име на македонскиот фудбал и легенда на Вардар, Васил Рингов, почина денеска на 70-годишна возраст по кратко боледување.
Роден во Струмица, кариерата на Рингов почна во младинските категории на Беласица, а своите најблескави моменти ги доживеа во дресот на Вардар за кој настапуваше од 1977 до 1983 и од 1984 до 1986 година. За најтрофејниот македонски клуб одигра повеќе од 200 натпревари во поранешната прва и втора југословенска лига, постигнувајќи 92 голови.
Во кариерата настапуваше и за загрепски Динамо и за германски Ајнтрахт Брауншвајг.
Почина Васил Рингов 😢😢
Рингов е поранешен македонски, но и југословенски репрезентативец кој на клупски план длабока…
Posted by Вардар Фанс/Vardar Fans on Вторник, 23 декември 2025