Без вода утре ќе останат корисниците од улица „Наум Наумовски Борче“ лоцирани на потегот од улица „Ленинова“ до улица „Орце Николов“ во општина Центар, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје.
Прекинот е поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на улица „Пиринска“ бр. 49 и ќе трае во периодот од 10 часот до завршување на работата.