Кружниот напаѓач Милан Лазаревски ќе остане во Вардар 1961 и во иднина откако потпиша нов договор со „црвено-црните“.
Повеќекратниот македонски првак и репрезентативецот на Македонија соработуваат четири години, а клубот е задоволен од настапите на кружниот напаѓач и соработката ќе трае до 2028 годин
Одличните игри во последните сезони, и во одбрана и во напад, го ставија на пиедесталот како еден од најдобрите пивотмени во Македонија, но за жал Лазаревски нема да патува за Данска на Европското првенство, затоа што сè уште не заздрави целосно од повредата на рамото, поради која мораше да биде опериран и да паузира неколку месеци.