Фудбал Српскиот фудбалски првак објави

Станковиќ се врати на клупата на Црвена ѕвезда

Четириесетиседумгодишниот Станковиќ претходно го тренираше белградскиот тим од 2019 до 2022 година. Под негово водство, Црвена ѕвезда освои три титули во српското првенство.

Станковиќ се врати на клупата на Црвена ѕвезда

Српскиот фудбалски првак Црвена ѕвезда го објави денеска назначувањето на Дејан Станковиќ за нов тренер.

Станковиќ доаѓа на местото на Владан Милојевиќ, кој беше отпуштен на 21 декември.

„Убаво е повторно да се биде дома. Како колега и ѕвездаш, би сакал да му се заблагодарам на Милојевиќ за сè што донесе и направи за овој клуб“, изјави Станковиќ на денешната промоција во Белград.

Четириесетиседумгодишниот Станковиќ претходно го тренираше белградскиот тим од 2019 до 2022 година. Под негово водство, Црвена ѕвезда освои три титули во српското првенство. (МИА)

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд
To top