Фудбал Македонските фудбалери назадуваа едно место

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025-та година на 66. место

Шпанија остана на првото место, пред Аргентина, Франција и Англија.

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025-та година на 66. место

Македонската фудбалска репрезентација е на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА, последна за 2025 година.

Македонските фудбалери на декемвриската ранг-листа, објавена денеска, назадуваа едно место со идентичен број бодови (1378.57) како и на претходното рангирање.

Шпанија остана на првото место, пред Аргентина, Франција и Англија.

Од последното рангирање објавено на 19 ноември, одиграни се само 42 меѓународни натпревари, па затоа имаше малку промени во завршниот ранкинг за 2025 година.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Португалија остана на шестото, Холандија на седмото, Белгија на осмото, Германија на деветтото, а Хрватска на десеттото место.

Следното рангирање ќе биде објавено на 19 јануари 2026 година.

To top