Македонија посведочи на нова навреда на интелигенцијата на граѓаните. Соочени со мометот дека денеска има нов В.Д. државен јавен обвинител, кој не е Љупчо Коцески, ниту претходниот СДС заштитник Јовески, СДС во уплав направи вонредна (ИЗВОНРЕДНА) прес конференција на која со контраспин се обиде да се извади од тињата во која се наоѓа. Знаејќи дека следува серија на отворање случаи за тежок криминал на врхушката од Бихаќка (кои Јовески и Коцевски ги криеја по фиоките), СДС го натопори на говорница синчето на сегашниот им стратег Фрчкоски Сениор, кој со месеци го „пере“ Филипче, иако, тоа одамна не може да го стори ниту Вардар.
Така, денеска, без срам и перде што шмркал кокаин во седиштето на СДС, a даде и оставка по претходното обелоденување на експлицитните фотографии на кои шмрка бело како правосмукалка по бироата на Бихаќка, момчето sсо „бел“ кредибилитет и лик чие злодејание би било тежок резил за секоја друга партија (не за Заевата СДС каде Венко враќа долгови кон Фрчко Сениор), промуќурно срочи:
„Одеднаш почнуваат да излегуваат вести за СДСМ, за наводни тендери со кои СДСМ нема никаква врска. На секоја вест ни го лепат ДУИ. Ова нивното е чист дефокус. Да постоеше нешто реално, одамна ќе реагираа. Сега ова е нивен сензационализам со цел да ги прикријат двете главни теми: „Мигранти за пари“ и забраната на слободата на говор со изгласаната Резолуција, по примерот на Декретот од Третиот рајх“, рече тој во улога на КРАДЕЦОТ КОЈ ВИКА – ФАТИ ГО КРАДЕЦОТ.
Тресејќи небулози со 300 км/ч, момчето со некогаш бел нос, сега без од срам да му се зацрвенеат ушите, пак си призна дека шмркал, ама да ти бил млад пустиот. Замисли, бил и многу послаб?! Епа, добро тогаш терба да рече народот, простено ти е ако си бил слаб, терај си, ЗАМЕНИ ГО И ВЕНКО. Небаре, се напил три ракии, не дека конзумирал законски забранети психотропни супстанци за кои се оди во ќорка, па се вадеше:
„Она што се случи, се случи еднаш, и тоа пред 5 години, а не сега или пред неколку месеци како што тие лажно го прикажуваат. Може да се види на фографијата колку сум помлад, послаб. И за тоа веднаш ја презедов целосната одговорност. “ И значи, сега се е ок? Прво, не си бил малолетен, далеку од тоа. Второ, и да си бил, резилот е огромен. Не разбираме како не сфаќате дека само се закопувате подлабоко и подлабоко во тињата во која сами се навасавте. Втора шанса, тоа се бабини деветини и приакски за мали деца, по ваков скандал, тоа не постои, никаде во светот, најмалку во таа ЕУ за која дадовте се што треба и не треба за да соатнеет на власт и да крадете ко да не сте виделе.
Продолжи со тоа дека бил „врло“ доблесен со тоа што признал, ама никој друг не бил загрозен, замислете. “Ниту еден граѓанин не беше загрозен на каков било начин, освен моите најблиски. Бев млад…“, изјави Јон Фрчкоски.
Беден обид за самоамнестија и уште полош обид на Филипче да ја врати на нозе партијата во распад. По ваков чин, како оној на Фрчко Јуниор, се збогуваш со политиката и каква и да е јавна функција.
Замислете го само како некој министер во некоја идна СДС влада (за 20-на години), тој натопорен во фотелјата, а цел свет ни се смее и јавно се спрда со земјата која има висок функционер јавно фатен како шмрка кокаин.
Да, и тој ко новиот Венко, заборави да го вергла тоа ан „С“, задоцнета реакција на антимакдонската направиај наречена СДС, која треба да се извини за тоа што и го стори на Македонија и Македонците.
Појавата на покајаникот Јон е само уште една потврда дека татко му е автор на глупостите кои во последно Филипче ги вергла како расипана плоча (спонзориран од капо ди тути капи Заев од Дубаи), прво Црвените линии, па имагинарните мигранти, па сега некаков непостоечки удар по слободата на говорот, серија фрчковистички, апстрактни и инфантилни зезанции, индолентни наративи кои само придонесоа да бидат тролани по социјалните мрежи со огромна доза на потсмев…
Едноставно, во СДС да ти биле тешки буквалисти, па кога им кажале дека „историјата се повторува“, си сфатиле буквално ајваните. Претходно, Фрле Сениор имаше атентат на претседател како министер за внатрешни, за да по атентатот добие унапредување во министер за надворешни работи?! Не отказ и разрешување, или пак тој да си поднесе оставка, јок. Чуму, пак, со Јон би било поинаку, нели? Тој барем немаше атентат на претседате, туку „само“ шмркаше по СДС бироата, дека бил млад и слаб, нели?
Дефинитивно, историјата се повторува во СДС, овојпат, тоа се случува додека дотичните симултано итаат кон нејзиното буниште…

