Свет Данска

Расмусен: Сите, вклучително и САД, мора да го почитуваат територијалниот интегритет на Данска

Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, денеска изјави дека неговата земја инсистира сите, вклучително и САД, да го почитуваат „територијалниот интегритет на Кралството Данска“.

Изјавата на Расмусен е одговор на тоа што американскиот претседател Доналд Трамп го објави именувањето на гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, за специјален пратеник на САД за Гренланд.

Расмусен во кратката изјава објавена од неговото министерство рече дека „именувањето го потврдува континуираниот американски интерес за Гренланд“.

– Сепак, инсистираме дека сите, вклучително и САД, мора да покажат почитување кон територијалниот интегритет на Кралството Данска, рече Расмусен.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Претходно овој месец, Данската одбранбена разузнавачка служба во годишниот извештај соопшти дека САД ја користат својата економска моќ за да ја „наметнат својата волја“.

Трамп денеска во објава на платформата „Трут Соушл“ (Truth Social) соопшти дека го именувал гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, за специјален пратеник на Соединетите Држави за Гренланд.

Лендри на платформата Х напиша дека му е „чест да служи на оваа волонтерска позиција за Гренланд да стане дел од САД“.

To top