Музика радио верзија

„Outside“ новото моќно издание на Dzemoski кое веќе предизвикува внимание!

Новата песна „Outside“ веќе достапна!

„Outside“ новото моќно издание на Dzemoski кое веќе предизвикува внимание!

Од Охрид до глобалната сцена, Dzemoski продолжува да го гради својот углед како еден од најдинамичните DJ-и и музички продуценти. Роден на 27 ноември 1989 година во Охрид, артистот има над 20 години искуство во DJ-инг, како и повеќе од 10 години искуство како музички продуцент.

На својот конт, Dzemoski веќе објавил околу 40 песни, со стилови што се движат од deep house, pop, dance до nu-disco — создавајќи квалитетна и динамична музика што ги привлекува танцните подиуми и дигиталните платформи.

Музичкиот творец кој „музичката кариера ја гради на пат кон врвот“ неодамна ја објави својата најнова радио верзија на синглот „Outside“, на 12 декември. траката беше лансирано преку Effective Records, со седиште во Русија, познат по соработки со реномирани музички продуценти и широк спектар на успешни музички објави.

Овој нов ритам е дизајниран да ги освои слушателите и радиостаниците, со висок потенцијал за широка публикација. Dzemoski вели дека „Outside“ е само почеток и дека тој сака да продолжи со својот креативен пат во музиката, испорачувајќи квалитетни танц музички траки што ќе остават силен впечаток.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Со „Outside“, Dzemoski сака да ја пренесе пораката дека ќе продолжи да создава музика, инспирирајќи ги љубителите на електронската сцена. Неговиот звук се карактеризира со комбинација на енергија, стил и професионализам — а оваа нова песна ќе им помогне на слушателите да дознаат кој е тој како артист на глобално ниво.

„Outside“ сега е достапен на сите дигитални платформи — подгответе ги чекорите за танц!

Најнови вести од Музика

To top