Во галеријата на Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден, денес беше свечено отворена ликовната изложба „Кон светлината“ на академскиот уметник Новица Трајковски, истакнат творец чија работа е препознаена и ценета на национално и меѓународно ниво.
Настанот беше проследен од бројни љубители на ликовната уметност, кои имаа можност да уживаат во делата на Трајковски и да се запознаат со неговото богато творештво. Меѓу присутните беше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Посетителите имаа можност да погледнат околу педесет дела создадени во техника акрил и масло на платно, преку кои авторот ги преточува темите што ја обојуваат неговата долгогодишна творечка практика.
Општина Илинден, во рамки на својата континуирана заложба за поддршка и развој на културата, и понатаму ќе ги поддржува уметниците кои
творат на нејзина територија, како и културните манифестации што ја збогатуваат заедницата и ја промовираат уметноста.