Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен тендер вреден 8 милиони евра, соопшти Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ .
„Наместо транспарентна јавна набавка, биле вклучени две правни лица, едно од Скопје и едно од Куманово, со однапред поделенa улога.
Фирмата од Куманово, се јавила со непотполна документација и со повисока цена, класична декорација за да се глуми конкуренција. Паралелно, скопската фирма дала понуда речиси идентична со проценетата вредност, иако таа вредност воопшто не била објавена во огласот.
Потоа, за да се испере трагата, осомничените, пуштале во оптек, примале и пренесувале средства во вредност од 2 милиони евра, што е основ за кривично дело перење пари.
По примерот на Заев и Филипче, вака се местеле тендерите во државата, кога владееја СДС и ДУИ.
Од СДС и ДУИ молк, ниту оградување, ниту дистанцирање, туку напротив, штитење на криминалот. Затоа, СДС и ДУИ и натаму ќе бидат во длабока опозиција“, наведе во изјавата Пњртушевски.