Република Клиничка болница-Штип

Завршува уредувањето на штипската модуларна болница, ќе се користи за специјалистички амбуланти преку „Мој термин“

Но најчесто овие пациенти ќе треба да влегуваат од горниот влез, со што би се растеретил долниот паркинг, каде сега има постојано гужва, изјави Захариев.

Завршува уредувањето на штипската модуларна болница, ќе се користи за специјалистички амбуланти преку „Мој термин“

Во завршна фаза е уредувањето на модуларната болница, во која ќе се сместат амбулантите за специјалистички прегледи преку „Мој термин“ на Клиничка болница-Штип. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека за Новогодишните празници се очекува дел од амбулантите да бидат префрлени во модуларната болница, со што пациентите ќе може навремено да ги завршуваат своите потреби. Се работи и на уредување на паркинг простотор пред самата модуларна болница.

-Планираме за Новогодишните празници дел од амбулантите полека да ги преселиме, со цел пациентите да не трпат. За почеток ќе има хирургија, ортопедија, ОРЛ, психијатрија, неврологија. Во преговори сме и останатиот дел од специјалистичките амбуланти целосно ги префрлиме. Целта ни е со едно одење пациентот да може со едно одење да заврши повеќе прегледи кај специјалисти, вели Захариев.

Тој додава и дека ќе се уредуваат и влезовите до модуларната болница, која е сместена над новиот објект на Клиничка болница. Во меѓувреме се уредува и паркинг простор, со цел да се растерети паркингот кај главниот влез на болницата.

-До модуларната болница ќе има два влезови. Едниот од страна на средното медицинско училиште, а другиот од страна на Одделот за инфективни болести. Но најчесто овие пациенти ќе треба да влегуваат од горниот влез, со што би се растеретил долниот паркинг, каде сега има постојано гужва, изјави Захариев.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

По завршување на ковид пандемијата, модуларната болница се затвори, но овој објект беше честа мета на крадци и вандали, кои ја уништија електричната инсталација и клима уредите, а имаше случај кога непознати сторители намерно предизвикале оштетување со цел да предизвикат краток спој и пожар. Според податоците на болницата само годинава во СВР-Штип биле пријавени над десеттина случаи на кражби и вандализам во модуларната болница.

To top