Свет Следниот состанок ќе се одржи на 7 јануари

Претставници на Израел и Либан разговараа за разоружување на Хезболах

Привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) тврдат дека нема докази оти проиранската милиција повторно се вооружува.

Претставници на Израел и Либан разговараа за разоружување на Хезболах

Претставници на Израел и на Либан денеска разговараа за разоружувањето на Хезболах и за зајакнување на граничната безбедност, како дел од набљудувањето на примирјето во јужен Либан, соопшти Канцеларијата на израелскиот премиер.

На состанокот што се одржа на „Сината линија“ (границата помеѓу Либан и Израел) учествуваа и претставници на САД, Франција и на Обединети нации.

И покрај прекинот на огнот, што е во сила од 27 ноември минатата година, израелската армија продолжува да извршува напади врз јужен Либан, тврдејќи дека се насочени кон Хезболах, кој повторно се вооружува.

Договорот за прекин на огнот, постигнат со посредство на САД, предвидува разоружување на Хезболах и отстранување на воена инфраструктура јужно од реката Литани, на околу 30 километри од израелската граница. Додека Израел треба да ги повлече своите сили од либанска територија, но да задржи пет стратешки гранични пунктови.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) тврдат дека нема докази оти проиранската милиција повторно се вооружува.

Од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот минатата година, јужно од реката Литани немаме видено докази за влез на ново оружје, изградба на нови недржавни воени инфраструктури или воени движења на недржавни актери, изјави денеска директорката на УНИФИЛ, Кандис Ардиел.

Таа додаде дека откако е во сила Договорот за прекин на огнот во јужен Либан се убиени над 300 лица, од кои повеќе од 120 цивили.

Претседателот на Либан, Жозеф Аун потврди дека приоритет е враќањето на жителите на пограничните села во нивните домови. Тој најави дека следниот состанок ќе се одржи на 7 јануари.

Судирот помеѓу Израел и Хезболах почна во октомври 2023 година, на маргините на израелската офанзива врз Појасот Газа, а непријателствата ескалираа во септември 2024 година, за по два месеци да биде постигнат Договор за прекин на огнот.  (МИА)

To top